Заврши состанокот меѓу претставници на израелскиот воен кабинет за нивниот одговор на одмаздничките напади на Иран, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.
Изворот не даде дополнителни детали за разговорите.
Дискусијата беше петтата рунда разговори што ги одржа воениот кабинет од викендот, кога Техеран лансираше низа проектили како одмазда на израелскиот напад врз иранската дипломатска зграда во Дамаск, Сирија.
Регионалните лидери и сојузниците на Израел повикаа на воздржаност со цел да се минимизира поширока ескалација поради израелската воена офанзива во Газа.