Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Завршија Олимписките игри Париз 2024 со историски преседани и успеси на терените и вон нив

Олимписките игри Париз 2024 година влегоа во историјата не само заради тоа што за прв пат отворањето на игрите се одржа надвор од стадион и по тоа што го претворија градот Париз во и цела Франција во прекрасни спортски арени, туку и заради и рекордните настапи на спортистите од териториите на 206 Национални олимписки комитети (НОК) и Олимпискиот тим за бегалци.

Овие Олимписки игри Париз 2024 се првите кои се планирани и испорачани во согласност со реформите на Олимписката агенда 2020. Тие беа помлади, поинклузивни, поурбани и поодржливи.

Париз 2024 беа првите Олимписки игри со целосна родова еднаквост, бидејќи Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) одвои 50 отсто од местата во квотата за спортистките и 50 отсто за машките спортисти.

Беа „срушени“ бројни олимписките и светски рекорди, а спортистите забележаа историски настапи за своите земји.

Носителите на медиумски права известуваат за рекордни бројки во споредба со претходните игри и се очекува да се потврди дека Париз 2024 да биде најгледените игри досега, со над половина од светската популација.

САД се нација со најголем број медали на ЛОИ 2024 – 126, а по неа е НР Кина со 91 и Велика Британија со 65. На четврто и петто место се Франција и Австралија со 64, односно 53, а потоа следуваат Јапонија (45), Италија (40), Холандија (34), Германија (33), Јужна Кореја (32), Канада (27) и така натму.

Олимпиското знаме во Париз го презедоа од организациониот одбор од Лос Ангелес каде што ќе се одржат Олимписките игри 2028.

Најново