Здравјето на Трамп повторно во фокусот, тој вели: Здравјето ми е совршено!

Трамп
epa12435727 US President Donald Trump speaks to the media during an impromptu event in the Oval Office of the White House in Washington, DC, USA, 06 October 2025. EPA/Aaron Schwartz – Pool via CNP / POOL

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека е во „совршена“ здравствена состојба, зема повеќе аспирин отколку што препорачуваат лекарите, користи шминка за да ги покрие модринките на рацете и не вежба редовно бидејќи го смета за „досадно“, пишува Би-би-Си.

Во долго интервју за неговото здравје за „Волстрит џурнал“, Трамп изјави дека бил подложен на компјутерска томографија во октомври, откако погрешно им кажал на новинарите дека бил подложен на подетално магнетна резонанца.

79-годишниот Трамп е најстариот претседател инаугуриран во историјата на САД и неговото стареење е под зголемен надзор.

Тој негираше за „Џурнал“ дека имал проблеми со слушањето или дека заспал на неодамнешните настани во Белата куќа.

Весникот наведува дека Трамп „е иритиран во врска со јавната дебата за неговото здравје“.

„Ајде повторно да разговараме за здравјето по 25-ти пат“, рекол претседателот на почетокот на „импровизиран телефонски повик“ додека весникот се подготвувал да објави сторија за неговото здравје.

Трамп рече дека земал поголеми дози на аспирин од препорачаните во последните 25 години, за модринките на неговата рака.

„Велат дека аспиринот е добар за разредување на крвта, а јас не сакам густа крв да ми тече низ срцето“, рече Трамп.

Тој зема 325 мг аспирин дневно, наместо дозата од 81 мг што понекогаш ја препорачуваат лекарите.

„Тие би сакале да земам помала“, рече Трамп.

Но, тој не сака да ги менува рутините по толку години. „Малку сум суеверен“, рече тој.

Според упатствата од клиниката Мајо, ризикот од срцев удар и мозочен удар се зголемува како што стареете, а ниските дози на аспирин помагаат во спречувањето и на двата ризика, со разредување на крвта и спречување на згрутчување на крвта. Но, клиниката предупредува дека ризикот од крварење од аспирин исто така се зголемува со возраста. Се вели дека дневната доза за терапија со аспирин е помеѓу 75 мг и 325 мг.

Претседателот, исто така, зборуваше за медицинското скенирање што го добил во Националниот медицински центар „Волтер Рид“, за кое претходно рече дека е магнетна резонанца.

„Не беше магнетна резонанца“, изјави Трамп за „Џурнал“. „Беше помалку од тоа. Беше компјутерско скенирање“.

Докторот на Трамп, капетанот на морнарицата Шон Барбабела, во изјава за „Џурнал“ изјави дека Трамп бил подложен на компјутерска томографија, „за дефинитивно да се исклучат какви било кардиоваскуларни проблеми“ и дека тестирањето не открило абнормалности.

Откако на Трамп му беше дијагностицирана хронична венска инсуфициенција, честа состојба кај постарите лица, му беше советувано да носи компресивни чорапи, но тој одби.

„Не ми се допаѓаа“, рече Трамп, додавајќи дека сега станува од своето биро поредовно, што го подобрило отокот во неговите нозе.

Сепак, претседателот рече дека претпочита да не прави никаква форма на редовна вежба, освен голф.

„Едноставно не ми се допаѓа. Досадно е“, рече Трамп. „Да одам на лента за трчање или да трчам со часови и часови како што прават некои луѓе, тоа не е за мене.“

Претседателот тврдеше дека не се опуштал за време на јавните состаноци, велејќи дека понекогаш ги затворал очите затоа што го сметал за „релаксирачко“. Што се однесува до модринките што се гледаат на неговите раце на некои фотографии, Трамп рече дека сега носи шминка во случај раката да му биде „модра“.

„Имам шминка која, знаете, е лесна за нанесување, трае околу 10 секунди“, рече тој.

Трамп рече дека нема проблеми со слухот, а кога фотографите го фотографирале кога изгледа како да спие, тој рекол „понекогаш ме фотографираат како трепкам“.

„И ме фаќаат додека трепкам“.

Барабела во изјавата за „Џурнал“ рече дека Трамп е во „исклучително здравје и совршено подготвен да ги извршува своите должности како врховен командант“.

Претходникот на Трамп, демократскиот претседател Џо Бајден, се откажа од изборната трка во 2024 година откако дебатата со Трамп покрена прашања за неговата возраст и ментална острина.

Зачлени се на нашиот е-билтен