Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зечевиќ: Шарената револуција е светол пример, слободоумните граѓани многу придонесоа во враќање на слободата во земјава

Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ нагласи дека шарената револуција е светол пример за протестно движење на обединети слободумни граѓани.

Сметам дека ги даде своите резултати. Земјата која беше заробена од еден погрешен систем е на некој начин вратена во рацете на народот, изјави Зечевиќ во интервју за Фокус.

Тој додаде дека шарената револуција завршила дел од целите кои ги бараа граѓаните, како што се враќање на слободата и демократијата и казни за оние кои го имаа прекршено законот.

Имам разбирање дека дел од целите не се во целост реализирани и тука го разбирам тој негативен одиум кај дел од луѓето со кои заедно чекоревме, истакна Зечевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен