Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски ги поздрави новите санкции на ЕУ против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги поздрави новите санкции воведени од Европската унија кон Русија вчера.

– Дванаесеттиот пакет казнени мерки „навистина ќе ја намали“ економската основа на руската војна против Украина, рече Зеленски во своето вечерно видео обраќање.

ЕУ соопшти дека санкциите ја забрануваат трговијата со руски дијаманти, дополнително го ограничуваат рускиот извоз и увоз и ги зајакнуваат контролите за да се спречи заобиколување на веќе воведените санкции.

„Ќе продолжиме да работиме со нашите партнери за да обезбедиме санкциите воведени од Европа да функционираат на глобално ниво“, додаде украинскиот претседател. 

Зачлени се на нашиот е-билтен