Зеленски го чека Путин: Одам во Турција, Трамп, дојди!

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше на изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да се приклучи на мировните преговори во Истанбул, велејќи дека тоа ќе биде важен чекор.

„Само што ја слушнав изјавата на претседателот Трамп. Многу важни зборови“, напиша Зеленски на X.

Тој потврди дека го поддржува предлогот за целосно и безусловно примирје, како и идејата за директни преговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Ја поддржав идејата на претседателот Трамп за директни разговори со Путин. Отворено кажав дека сум подготвен за средба. Ќе бидам во Турција. Се надевам дека Русите нема да се извлечат со тоа“, рече тој.

Тој додаде дека за Украина би значело многу доколку Трамп лично дојде во Истанбул.

„Тоа е одлична идеја. Можеме да промениме многу работи. Претседателот Ердоган навистина може да биде домаќин на состанок на највисоко ниво. Благодарам на сите што помагаат“.

Зачлени се на нашиот е-билтен