Украинскиот претседател Володимир Зеленски официјално го доби нацрт-планот на САД, кој, според американската страна, може да помогне во наоѓањето дипломатско решение за војната со Русија, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на соопштение од неговиот кабинет.
„Претседателот на Украина официјално го доби нацрт-планот од американската страна, кој, според американската страна, може да ја зајакне дипломатијата. Претседателот на Украина ги истакна главните принципи што се важни за нашиот народ, а по денешниот состанок се согласивме да работиме на точките од планот на таков начин што ќе обезбеди достоинствен крај на војната“, се вели во соопштението на претседателството објавено на својот официјален профил на социјалната мрежа Телеграм.
„Украина се стреми кон мир уште од првите секунди од руската инвазија и ние ги поддржуваме сите значајни предлози што можат да го доближат вистинскиот мир. Украина ги поддржува предлозите на претседателот Трамп од почетокот на оваа година за запирање на крвопролевањето. Подготвени сме конструктивно да соработуваме со американската страна и нашите партнери во Европа и низ целиот свет, така што резултатот ќе биде мир. Во наредните денови, претседателот на Украина очекува да разговара со претседателот Трамп за достапните дипломатски опции и главните точки што се неопходни за мир“, се додава во соопштението.
Војната, предизвикана од руската инвазија на Украина на 24 февруари 2025 година, трае повеќе од три и пол години.

