Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски и Дуда се сретнаа во Варшава

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и првата дама на Украина Олена Зеленска пристигнаа во претседателската палата во Варшава.

Официјалната церемонија на средба со претседателот на Република Полска Анджеј Дуда и првата дама на Република Полска Агата Корнхаузер-Дуда се одржа на плоштадот пред Претседателската палата, јави дописникот на Укринформ.

Претседателот на Украина и првата дама на Украина со автомобил пристигнаа до влезот на палатата, каде ги чекаше претседателот на Полска и неговата сопруга, како и делегациите на двете земји и полската почесна гарда.

Се очекува Зеленски и Дуда да имаат разговори лице в лице, а потоа и средба во поширок круг. Потоа двајцата лидери планираат да одржат прес-конференција за медиумите.

Од 5 април 2023 година, претседателот на Украина Володимир Зеленски и првата дама на Украина Олена Зеленска престојуваат во посета на Република Полска. Во рамки на посетата, претседателот на Украина планира во Кралскиот замок да се сретне со претседателот на Република Полска Анджеј Дуда, со премиерот на Република Полска Матеуш Моравјецки, како и со претставници на бизнисот, Украинците и Полјаците.

Подготви: Д. Мишев ( Цивил Медиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен