Трамп го прифатил подарокот и снимил видео во кое му се заблагодарува на украинскиот бранител.
Исто така, беше објавено дека американскиот претседател, пак, му ги предал клучевите од Белата куќа на Зеленски.
Инаку Доналд Трамп вчера имаше средба со Зеленски и други европски лидери во Белата куќа.
Трамп, Зеленски и бројни европски лидери се собраа за да разговараат за крајот на војната во Украина.
Фридрих Мерц, канцелар на Германија, Емануел Макрон, претседател на Франција, Кир Стармер, премиер на Велика Британија, Џорџија Мелони, премиер на Италија, Марк Руте, генерален секретар на НАТО, Александар Стуб, претседател на Финска и Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.