Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски им се заблагодари на Џонсон и Шумер за американската помош за Украина

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска се заблагодари за изгласувањето на американскиот закон за помош на Украина. Тој денеска имаше телефонски разговор со претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон и лидерот на мнозинството во Сенатот, Чак Шумер.

Зеленски на платформата Икс напиша дека му се заблагодарил на Џонсон, „за неговото лидерство што обезбеди вистинска двопартиска поддршка за помошта за Украина.

Тој во разговорот со Шумер се заблагодарил за непоколебливата поддршка на Демократската партија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен