Зеленски: Итно ни треба противвоздушна одбрана, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски

Судејќи според најновите податоци од украинското разузнавање, Русија подготвува нови масовни напади врз Украина, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Искрено разговараме со нашите партнери за ракети и системи за воздушна одбрана кои ни се толку потребни. Залихите не се доволни. Се обидуваме да забрзаме и важно е нашите партнери да нè слушнат. Сега се прави многу на ниво на Министерството за одбрана на Украина, рече Зеленски за време на неговото редовно вечерно обраќање, пренесува Укринформ.

Тој апелираше до граѓаните на Украина да обрнат внимание и да ги слушаат предупредувањата за воздушни напади.

Според него, владата работи со енергетските компании и партнери за да има повеќе опрема и повеќе резерви.

Претходно, Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, изјави дека во текот на декември 2025 година и почетокот на јануари 2026 година, руските војници извршиле шест масовни ракетни и беспилотни напади на територијата на Украина.

Зачлени се на нашиот е-билтен