Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Некои европски членки ветија борбени авиони

Некои лидери на земјите-членки на ЕУ изјавија дека се подготвени да ѝ го обезбедат на Украина сето потребно оружје, вклучително и борбени авиони.

Според дописникот на Укринформ, ова го изјави денес од Брисел украинскиот претседател Володимир Зеленски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Несомнено, најмногу ме инспирираат изјавите дека Европа ќе биде со нас до победа. Денеска ги слушнав изјавите на лидерите на некои европски држави дека се подготвени да ни го обезбедат потребното оружје, вклучително и авиони, изјави Зеленски и додаде дека ќе одржи серија билатерални состаноци во Брисел, на кои ќе биде посветено особено внимание на темата за борбена авијација.

Зеленски зборуваше и за тоа како се одржа затворениот состанок на Европскиот совет.

-Средбата на Европскиот совет штотуку заврши. Се разбира, беше затворена, но сакам да го разберете значењето на она за што и како разговаравме. Ова значење беше јасно формулирано од еден од лидерите на ЕУ. Тој рече дека траен мир во Европа ќе се воспостави само кога Украина ќе победи и ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Такво единство успеавме да изградиме денес. Единството е дека ЕУ ќе биде со нас додека Украина не победи, а Украина ќе биде дел од Европската унија, рече тој.

А. Р.

Треба да знаете
Moже да ве интересира