Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски разговараше со Мусар за украинската мировна формула

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска телефонски разговараше со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, за соработката меѓу двете земји во рамките на украинската мировна формула.

– Имав телефонски разговор со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар за соработка во рамките на украинската мировна формула. Благодарен сум за учеството на словенечкиот претставник на четвртиот состанок на ниво на советници во Давос, објави Зеленски на Телеграм.

Тој ја покани Словенија да биде меѓу учесниците на првиот Глобален самит за мир. 

Зачлени се на нашиот е-билтен