Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека со секретарот на Советот за национална безбедност (РНБО), Рустем Умеров, и со раководителот на претседателскиот кабинет, Андриј Јермак, разговарал за подготовките за нов состанок со руската страна во Истанбул.
Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за средба на ниво на лидери, ако Русија е навистина решена да ја заврши војната на достоинствен начин и да воспостави долгорочен мир.
– Разговарав со секретарот на РНБО на Украина, Рустем Умеров, и со раководителот на Кабинетот, Андриј Јермак, за текот на преговорите, односно за спроведувањето на договорите со руската страна од претходните состаноци во Истанбул и за подготовките за нов состанок, напиша денеска Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, клучните прашања опфаќаат продолжување на размената на воени заробеници