Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Санкции за Грузија поради постапките на владата

Фото: ©Ukraine Presidency/Ukrainian Pre/ZUMAPRESS.com/MAXPPP

Украина најави воведување на санкции кон Грузија, како последица на постапките на актуелната грузиска влада, односно оддалечувањето од ЕУ и засиленото насилство кон демонстрантите.

Во своето редовно вечерно обраќање до сонародниците, Зеленски го осуди однесувањето на грузиската Влада, обвинувајќи ја дека ја турка Грузија во прегратката на Русија и дека се спротивставува на интересите на грузискиот народ.

„Ова што се случува во Грузија не е предизвик само за еден народ или за нашиот регион. Сегашната грузиска Влада ја турка земјата во јасна зависност од Русија. Срамно е да се видат чекорите што ги преземаат против сопствениот народ“, изјави тој во обраќањето.

„Кога Москва ги фали грузиските власти, тоа не остава никаков сомнеж за тоа кому тие навистина му служат во Тбилиси – а тоа секако не е народот на Грузија“, рече тој.

„Подготвуваме правен одговор и работиме со Европа и другите партнери на конкретни активности. Им наложив на надлежните органи да подготват соодветни одлуки за санкции“, изјавио украинскиот претседател.

Во Грузија речиси една недела има протести откако премиерот Иракли Кобахидзе најави дека се одлагаат преговорите за влез во Европската унија до 2028 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен