Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигна во Велика Британија каде се сретна со премиерот Риши Сунак.
-Добредојдовте во Велика Британија, претседателе Зеленски“, напиша на твитер шефот на Владата на Велика Британија, Риши Сунак, објавувајќи заедничка фотографија.
Претседателот и неговиот тим ќе се сретнат и со началниците на одбраната и безбедноста, вклучително и началникот на штабот за одбрана и началникот на воздушниот штаб, за да разговараат за деталите од програмата за обука на украинската војска.
Welcome to the UK, President @ZelenskyyUa.
— Rishi Sunak (@RishiSunak) February 8, 2023
🇬🇧🇺🇦 #SlavaUkraini pic.twitter.com/rMoBTC3ken
Ова е прва посета на Зеленски на Велика Британија по воената инвазија на Русија врз Украина во февруари минатата година.