Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Украина и Полска се способни да ги надминат разликите

 Украина и Полска се во состојба да ги решат проблематичните прашања во односите меѓу двете земји, вклучително и протестите на полските граници, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, по средбата во Киев со полскиот премиер Доналд Туск.

Британските медиуми потсетуваат дека во последните месеци односите меѓу Киев и Варшава се влошија во контекст на граничната блокада на полските возачи на камиони, што претставува закана за економскиот раст на Украина.

-Разговаравме со премиерот дека сите постоечки проблематични прашања можат да се решат на ниво на влади и наскоро ќе почнеме да работиме во оваа насока, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со Туск по нивните разговори во украинската престолнина.

Полскиот премиер, пак, изјави дека двете земји се подготвени да ги завршат преговорите за инвестиции во заедничко производство на оружје и муниција. Тој посочи дека Полска и Украина имаат заеднички ставови за настаните на границата кои го попречуваат транспортот на стока. 

Зачлени се на нашиот е-билтен