Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Унгарија нема причина да го блокира членството на Украина во ЕУ

 Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека унгарскиот премиер Виктор Орбан нема причина да го блокира членството на Украина во Европската унија.

Мнозинството од 27-те членки на Европската унија сакаат да отворат разговори за пристапување на Украина на самитот оваа недела и да постигнат договор за испраќање милијарди евра нова поддршка на Киев во неговата војна против Русија, објави Ројтерс.

И двете намери се блокирани од Унгарија. Зеленски е во ненадејна посета на Норвешка, каде што разговараше со норвешкиот премиер Јонас Гар Стир и други нордиски лидери за поголема поддршка за Киев во војната со Русија. Стере рече дека Норвешка ќе донира три милијарди круни (273 милиони долари) на Украина.

Средствата се дел од пакетот кој претходно беше договорен во норвешкиот парламент и изнесува 75 милијарди круни за пет години.

Во меѓувреме, данската премиерка Мете Фредериксен на прес-конференција во Осло, одржана со нордиските лидери и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека данската влада утре пред парламентот ќе претстави нов пакет за поддршка на Украина во вредност од една милијарда евра.

Најново