– Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерашното видео обраѓање и вети на војската реформа на законите за регрутирање, пренесе ДПА.
Предложените реформи се однесуваат на условите за можна демобилизација на борците од фронтот, вклучително и некои војници кои се бореле на првите линии откако Русија ја почна инвазијата во февруари 2022 година.
„Сите во Украина сфаќаат дека се потребни промени во оваа област“, рече Зеленски.
Новите потенцијални регрути, исто така, ќе бидат во фокусот на измените на законот, рече Зеленски и додаде дека сите промени ќе треба да бидат разработени и одобрени од военото раководство.
Најавата за реформи се смета за отстапка за војниците, од кои некои протестираа за поголема ротација за да им се овозможи на уморните борци од првата линија да закрепнат.
Околу 820.000 Украинци моментално служат во вооружените сили. Според сегашната воена состојба, овие војници не можат да бидат демобилизирани.
Со цел дури привремено да испрати некои регрути дома, Украина ќе треба да регрутира дополнителни војници за да не се урне фронтот.