Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски во НАТО: Терористите како Путин или како Хамас се обидуваат да ги држат слободните и демократски нации како заложници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата се појави во седиштето на НАТО, во момент кога нова војна доминира на насловите и го спореди го Путин со терористите на Хамас, објави Вашингтон Пост, a пренесе ЦИВИЛ Медиа.

„Терористите како Путин – или како Хамас – се обидуваат да ги држат слободните и демократски нации како заложници и сакаат моќ над оние кои бараат слобода“, рече Зеленски. „Терористите нема да се променат. Тие едноставно мора да изгубат – а тоа значи дека ние мора да победиме“.

Иако претходно ѝ се обраќаше на Алијансата од Киев со видео повик, ова беше негова прва посета на штабот на НАТО по руската инвазија Путин, а доаѓа еден ден откако тој во интервју посочи дека новата војна во Израел може да го одвлече глобалното внимание од војната на Русија против Украина.

„Благодарен сум за вашиот силен сигнал за време на форумот дека на Украина ѝ требаат висококвалитетни средства, во голем број и брзо, за да ги запре беспилотните летала и да ги пресретне ракетите“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Додека странската воена поддршка продолжува да тече, украинските власти и сојузниците во НАТО изразија загриженост за републиканските пратеници во Вашингтон кои сакаат да ги задушат дополнителните пакети за помош.

Зачлени се на нашиот е-билтен