Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски во посета на Велика Британија, средба со премирот Сунак

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ќе ја посети Велика Британија и ќе се сретне со британскиот премиер Риши Сунак, соопштија од кабинетот на Сунак.

Според информациите на британските медиуми, Зеленски ќе ги посети украинските војници кои се на обука во Велика Британија и ќе се обрати пред британскиот Парламент.

Оттаму наведуваат дека канцеларијата на Сунак објавила планови за проширување на обуката за вооружените сили на Украина и дека ќе бидат обучени борбени пилоти и маринци, како и дека ќе се забрза снабдувањето со опрема за украинската војска.

Треба да знаете
Moже да ве интересира