Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зеленски: Залихите мора побрзо да стигнат

 Украина мора да ја забрза својата логистика и побрзо да ги снабдува своите борци со муниција и беспилотни летала, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно видео обраќање, јави ДПА.

Зеленски разговараше со високи воени лидери и релевантните министерства во врска со снабдувањето на единиците со муниција и беспилотни летала.

-Најважно е дека секој аспект од логистиката мора да се забрза, рече Зеленски.

Според извештаите од фронтот, украинските војници страдаат од недостиг на муниција. Со оглед на честите руски воздушни напади, постои и загриженост дека муницијата за противвоздушна одбрана е при крај.

Помошта од САД, важен поддржувач на Украина, е блокирана поради внатрешно политички спор во Конгресот за имиграцијата, потсетува ДПА.

Зеленски изрази уверување дека и покрај овие проблеми, војниците можат да бидат снабдени со она што им е потребно.

-Разговаравме и за лансирање на нови производни линии за оружје и муниција во Украина, во нашите претпријатија и заедно со партнерите, рече тој.

Зеленски информираше и за телефонските разговори со романскиот претседател Клаус Јоханис, шефот на полската држава Анджеј Дуда и белгискиот премиер Александар де Кро. Романија и помага на Украина да ги обучи американските пилоти на ловци Ф-16.

Според Зеленски, има „јасни сигнали“ за забавување на руската одбранбена индустрија. Претседателот на Украина не ја поткрепи својата изјава со конкретни докази, а според руските власти локалната одбранбена индустрија го забрзала производството на воена опрема. 

Зачлени се на нашиот е-билтен