Познатиот адвокат од Прилеп Жарко Стеваноски објави видео од обидот за приведување на директорката на средното училиште КП Мисирков во Демир Хисар, Маја Лозановска од страна на полицијата на Демир Хисар која во 20.00 синоќа изврши претрес во нејзниот дом по побараа да оди ви полициската станица за да биде извршен и информативен разговор
За време на претресот, на лице место присуствувала и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок. И покрај тоа, началникот на полицијата во Демир Хисар инсистирал таа вечерва, на носилки, да биде пренесена во полициската станица за информативен разговор.
„Земете носилки“, им рече началникот на демирхисарската полиција на лекарите кои му рекоа дека Лозановска само на носилки може да биде однесена во полицијата заради нејзината здравствена состојба.
Според адвокатот на Лозановска, поканата за информативен разговор има рок од 15 дена и не мора да биде извршена веднаш. На видео што се појави на социјалните мрежи се гледа како пред куќата има медицински и полициски тим, а началникот изјавува дека „ако треба, ќе оди со амбулантно возило и на носилка во полициска станица“.
Иако наредбата за претрес важи за период од 15 дена, полицијата ја спровела акцијата токму вечерва – ден пред избори.

За оние што подетално ги следат настаните, обидот на полицијата да ја приведе директорката на средното училиште КП Мисирков во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште еден силен притисок врз директорката во обид да се постават партиски кадри на раководни позиции во образованието во општината.
Во обид да се постават партиски кадри на раководни позиции во образованието градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, во периодот од 2022 година до денес на два наврати незаконито ја разрешувал директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков Демир Хисар, Маја Лозановска.
Градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, во периодот од 2022 година до денес на два наврати незаконито ја разрешувал директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков Демир Хисар, Маја Лозановска, а синоќешната интервенција на полицијата била со намера биде извлечена од дома да ја однесат на работа за на сила да го прими решението за разрешување.
За ова имаше реакција и од СДСМ. На прес конференција Весна Баковска од Комисија за образование на СДСМ посочи дека „во пресрет на датумот за распишување на локалните избори, ВМРО ДПМНЕ повторно не потсетува дека кога партијата е на власт, не постојат граници во злоупотреба на државните институции за партиски цели“.
Таа ја информира јавноста дека во обид да се постават партиски кадри на раководни позиции во образованието градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, во периодот од 2022 година до денес на два наврати незаконито ја разрешувал директорката на СОУ Крсте Петков Мисирков Демир Хисар, Маја Лозановска.
„Неговите решенија на два наврати беа поништувани од страна на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, со укажување за незаконитото одлучување во постапката за разрешување. Поради тоа, за незаконито разрешување на директорката на ова средно училиште Министерот за образование и наука му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот Никола Најдовски, во делот на именување и разрешување на директор на ова средно општинско училиште и ја именуваше актуалната директорка со свое решение, врз основа на кое и сега ја извршува функцијата директор на училиштето“, вели Баковска.