Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјите од Г-20 не постигнаа договор за намалување на фосилните горива ниту за војната во Украина

Членките на групата Г-20 не успеаја да постигнат консензус за постепено укинување на фосилните горива на денешниот состанок во Индија по приговорите на некои земји. Научниците и активистите се револтирани што меѓународните тела го одложуваат спроведувањето на мерките насочени кон спречување на глобалното затоплување. Во исто време, екстремните временски услови од Кина до САД укажуваат на климатската криза со која се соочува светот, објави Ројтерс.

Енергетските претставници на членките на Г-20 требаше да дадат заедничка изјава на крајот на четиридневната средба во Бамболин, град во индиската крајбрежна држава Гоа, но на крајот тие се откажаа од тоа поради меѓусебно несогласување за повеќе прашања. Едно од нив е и планираното тројно зголемување на капацитетот за обновлива енергија до 2030 година.

Консензус не беше постигнат ниту во однос на напорите развиените земји до 2025 година да собираат 100 милијарди долари годишно за климатски активности наменети за економиите во развој. Не можеа да се договорат ниту за војната во Украина.

Упатени извори велат дека целодневната дискусија главно се однесувала на употребата на фосилни горива, но официјалните претставници не успеале да постигнат консензус кога станува збор за нивната намалена употреба.

Индискиот министер за енергетика Р.К. Синг по завршувањето на конференцијата изјавил за новинарите дека некои земји сакаат да го искористат задржувањето на јаглерод диоксид од атмосферата наместо да работат на постепено намалување на фосилните горива.

Издвојувањето и складирање на јаглерод диоксид е технологија чија цел е да ги намали емисиите на CO2, создадени со употреба на фосилни извори на енергија, во атмосферата. На овој начин се ублажува влијанието на употребата на фосилни горива врз глобалното затоплување. Синг не откри за кои земји станува збор.

Но, познато е дека главните производители на фосилни горива – Саудиска Арабија, Русија, Кина, Јужна Африка и Индонезија се против целта за тројно зголемување на капацитетот на обновливите извори на енергија во оваа деценија.

Г.Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново