Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди индискиот регион Кашмир, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 39 километри југозападно од Падам, на длабочина од 10 километри, наведуваат од центарот.
Засега нема информации за жртви или причинета материјална штета.