Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Земјотрес со јачина од 2,9 степени почувствуван во Скопје

Земјотрес со јачина од 2,9 степени бил почувствуван во главниот град вечерва во 21:46.

Епицентарот на земјотресот бил на 6 километри длабочина, 24 километри источно од Скопје. Ова е втор земјотрес почувствуван во главниот град откако вчера, земјотрес од 3,4 степени според Рихтеровата скала ги разбуди скопјани околу 2 часот по полноќ.

Поради вознемиреноста на граѓаните на социјалните мрежи, Сеизмолошка опсерваторија од Природно-математичкиот факултет со он лајн брошура ги потсети граѓаните што треба да прават во случај на земјотрес.

Сеизмолошката опсерваторија потсетува на основните работи што треба да се преземат при земјотрес. Тие сугерираат дека граѓаните кои земјотресот ќе ги затекне на отворен простор, треба да се оддалечат од зградите, бандерите и високите дрвја, а доколку се во автомобил, тогаш да застанат покрај патот на отворен простор. Се препорачува да се откопча сигурносниот појас и да не се застанува покрај мост или тунел.

На граѓаните им се сугерира да не ги користат скалите ии лифтовите за време на земјотрес, а во училиштата на учениците им се советува да се сокријат под клупа.

Тие исто така истакнуваат дека за било каква помош треба да се контактира бројот 112.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново