Земјотрес со јачина од 6 степени ја погоди областа на Курилските острови во Русија

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар денеска информира дека земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погодил источната област на Курилските острови во Русија.

Според податоците, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

До моментот нема известувања за повредени лица ниту за материјална штета предизвикана од земјотресот.

Зачлени се на нашиот е-билтен