Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 15:48 часот регистрираше земјотрес со локална магнитуда од 3,2 степени според Рихтер. Трусот потекнува од пограничното подрачје кај Благоевград, на околу 124 километри југоисточно од Скопје.
Според првичните податоци, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на земјата – Делчево, Виница и околните населени места. Интензитетот достигнал III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека станува збор за слаб, но забележлив земјотрес.
Опсерваторијата ги охрабрува граѓаните кои го почувствувале тресот да го пополнат онлајн-прашалникот за почувствуваност, кој служи за научна анализа и прецизно мапирање на податоците, на овој ЛИНК

