Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зетот на Трамп планира да гради одморалишта во Сазан и Зврнец, Албанија

Американскиот бизнисмен и инвеститор, Џеред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, кој беше и негов советник додека тој беше во Белата куќа, најави дека планира да инвестира во Албанија во туристичкиот сектор.

Во интервју за Блумберг изјавил дека неговите инвестициски планови вклучуваат туристички одморалишта во Сазан и Зврнец.

За реализација на овие проекти и на уште еден во Белград, рекол дека ќе инвестира над милијарда американски долари.

-Инвестициите ќе се реализираат преку компанијата „Affinity Partners“ со седиште во Мајами, со поддршка од арапските земји. Според планот на Кушнер, во Зврнец ќе се градат илјадници сместувачки единици за туризам, додека на островот Сазан ќе се подигнат луксузни сместувачки единици од брендот Аман, пренесуваат албанските медиуми.

Кушнер изјавил дека „островот Сазан е едно од најчистите и најуникатни крајбрежја што некогаш ги видел во светот“. Инвестицискиот план за Албанија, го подготвил заедно со поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел.

Островот Сазан се наоѓа на стратешки важна локација помеѓу Отрантскиот теснец и устието на заливот Валона, означувајќи ја границата помеѓу Јадранското и Јонското море.

Островот Зврнец е скоро цел покриен со високи борови дрвја, тој е туристичка атракција, каде се наоѓа добро сочуваниот византиски манастир „Света Богородица“ од 13-14 век.

Зачлени се на нашиот е-билтен