Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зголемување на плати, нови вработувања, ова се дел од барањата на синдикалците од здравствениот сектор

Синдикалците од здравствениот сектор ги подготвија барањата до владата за зголемување на платите и подобрување на условите за работа на здравствените работници. Независниот синдикат на здравствните работници и Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија сметаат дека мора да се направи стратегија во здравствениот сектор се со цел подобрување на услугите кои ги даваат здравствените работници низ Македонија.

Првото и главно барање на синдикатите е да се усогласат коефициентите на минималната плата со просечната плата и зголемувањето здравствените работници да го добијат со ноемвриската плата. И тоа зголемување да важи за сите вработени во здравствениот сектор. Потоа, континуирано да има зголемување на платите во здравството и тоа да се случува во март секоја година.

„Да се направи долгорочна национална здравствена стратегија врз основа на демографија. Во таа стратегија треба да има план за зголемување на плати, вработување на нови здравствени и административни работници, како и ангажирање на технички персонал. Потребна е национална стратегија за вработување на млади специјалистиспоред демографијата и бројот на жители“, стои во листата на барања на синдикатите.

Синдикалците во периодот што следи велат дека поосериозно ќе се залагаат за решавање на статусот на здравствените работници кои се со довогор на дело. А во сите Јавни здравствени установи ќе настојуваат вработените да имаат унифицирани колективни договори. Тоа што за вработените во секторот здравство е многу битно, секако и за самиот здравствен сектор се инвестициите. Синдикатите велат дека мора да се работи на зголемување на придонесите во здравството. Тоа е на ниво од 7,5 отсто и е на дното на државите не само во регионот туку и во Европа. Со повеќе финансии ќе има можност да се набави подобра апаратура и подобри услови за работа во самиот сектор. Здравствените работници се надеваат дека оваа влада конечно ќе го изгради долго најавуваниот нов Клиничи центар.

„Ослободување на здравствените установи од дополнителни давачки како што се : индустриска вода и струја, со образложение дека ние немаме економски профит. Акцизите од цигари и лотарија наместо еден да биде три отсто. Да се зголеми капитациониот бод за матичните доктори на 120 денари“, стои во листата на синдикални барања.

Целта на синдикатите е секој од вработените во здравствениот сектор да има право на достоинствен живот.

Зачлени се на нашиот е-билтен