Згради без греење во Киев: над 1.100 остануваат без топлина најмалку два месеца

Албанија
Henk Monster, CC BY 3.0 , via Wikimedia Commons

Згради без греење во Киев ќе има најмалку два месеца и сред зима, откако термоелектрана што ги снабдувала со топлина претрпела „критична“ штета во неодамнешен руски напад, соопшти градоначалникот Виталиј Кличко.

Кличко наведе дека ќе бидат потребни најмалку два месеца за да се обноват системите и опремата во оштетениот објект, а градот веќе поставил дополнителни грејни пунктови во училишта во населбите каде што зградите остануваат без греење. Според него, моментално има пет вакви пунктови поврзани со мобилни грејни единици, каде што граѓаните можат да престојуваат и дење и ноќе.

Паралелно со ова, украинскиот министер за енергетика предупреди дека планираните рестрикции на електрична енергија може да се влошат во наредните денови и дека постои ризик од нови напади врз енергетската инфраструктура. Тој соопшти дека во главниот град работат повеќе од 200 итни екипи за да се врати греењето во станбените згради, а за објектите кај кои обновата ќе потрае, најавено е обезбедување електрична енергија до 18 часа дневно.

Според извештаи пренесени од меѓународни агенции, погодената е Дарницката термоелектрана, која обезбедувала греење за повеќе од 1.100 висококатници во Дарницки и Днипровски реон, што ја прави штетата особено чувствителна во услови на студен бран и зголемена потрошувачка.

Зачлени се на нашиот е-билтен