По кратко боледување попладнево во Скопје почина Агим Јонуз, политичкиот аналитичар и поранешен портпарол на Владата.
Нè напушти татко ми Агим Јонуз, објави на социјалните мрежи неговиот син Аријан. „Ви благодарам на сите за пораките и поддршката во овие тешки 10 дена колку што беше во болница, За погребот ќе ве известиме накнадно“, напиша тој.
Претходно имаше информации дека Јонуз е хоспитализиран, но за жал не успеа да ја добие најважната битка во својот живот.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Роден и пораснат во скопски Чаир, Јонуз секогаш се залагаше за искрен соживот и реален просперитет на Македонија.


