Жељко Обрадовиќ ќе одмара до јуни

Најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ во прво телевизиско гостување ги откри плановите за иднината.

Во гостување во емисијата „Game Changers“ на националната грчка телевизија ЕРТ, Жељко Обрадовиќ откри дека не ја завршил тренерската кариера, но дека нема да разгледува никакви понуди до крајот на јуни.

„Во моментов немам ништо друго на ум, освен моето семејство. До крајот на јуни сигурно нема да работам во ниту еден клуб. Во тој период немам намера да разгледувам никакви понуди за ангажман, без оглед од каде доаѓаат“, рече Обрадовиќ.

Претходно, кон крајот на ноември, популарниот Жоц поднесе оставка од функцијата главен тренер на Партизан, а на почетокот од овој месец, во опширно јавно обраќање, ја образложи својата одлука.

Најверните навивачи на Партизан се уште не можат да го преболат неговото заминувања па на натпреварите се уште го скандираат неговото име и ја навредуваат актуелната управа на клубот.

Зачлени се на нашиот е-билтен