Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје утрово информира дека жичницата на Водно денес нема да работи поради силниот ветер.
Од ЈСП велат дека јачината на ветерот ги надминува дозволените граници за објектот да функционира непречено и безбедно.
-Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, наведува ЈСП.
Утрово во Скопје и на повеќе места има студено време со силен ветер и ниски температури.