Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жителите на Струмица и околијата ќе можат да пијат вода од градскиот водовод

Жителите на градот Струмица и селата Добрејци, Просениково, Дабиле, Градско Балдовци, Водоча и Баница може да ја пијат водата од градскиот водовод. Ваквата одлука доаѓа по укинувањето на одлуката на Агенцијата за храна и ветеринарство за забрана, донесена кон крајот на минатиот месец. Забранета за пиење вода дојде откако струмички Комуналец и ЦЈЗ покажале зголемено присуство на амонијак и манган над дозволените граници. Со вчерашните анализирани примероци е потврдено дека испитаните примероци ги задоволуваат физичко- хемиските и микробиолошките критериуми за безбедност на водата.

„Со спроведениот надзор, инспекторот за храна од Струмица потврдил дека од страна на ЈПКД “Комуналец” од Струмица, постапено е по наредените мерки за отстранување на утврдените недостатоци, со што е донесена одлука од негова страна, дека заедно со добиените задоволителни резултати од неколкуте извршени последователни лабораториски тестирања досега, има основа за укинување на забраната за пиење на водата од струмичкиот водоснабдителен систем.“

Останува уште проблемот со браната Турија од каде со вода за пиење се снабдуваат не само жителите на Општина Струмица туку и од Општина Василево. Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов бара со надлежните институции и министерства да се најде решение.

Зачлени се на нашиот е-билтен