Зимата тропа на врата: Во петок снег и во градовите на повисока надморска височина!

Според информација од дежурниот синоптичар при УХМР, од утре попладне па сè до петок нашето подрачје ќе биде под влијание на влажен и студен бран што ќе донесе обилни врнежи и можна појава на снег. Локално се очекува количината на дожд да надмине и 40 литри на метар квадратен.

Во четврток, со навлегување на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, врнежите на планините ќе преминуваат во снег. Но тоа не е сè – во петок, поради уште поизразено заладување, снежни врнежи се можни и на некои од повисоките места, каде што врнежите ќе бидат мешани со дожд.

За време на овој студен влажен бран, температурите ќе се движат меѓу 5 и 13 степени, по што од викендот се очекува стабилизирање на времето и постепено покачување на дневните температури.

Зачлени се на нашиот е-билтен