Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Златен објектив“ за аниматорката Тонкица Митровска и филмскиот композитор Љупчо Константинов

Кинотеката, традиционално по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Оваа година, Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година.

Признанијата и пригодните стилизирани значки ќе им бидат доделени на добитниците на 26. мај, 2023 г. во 12 ч. во Кинотеката.

Филмографија на Тонкица Митровска:

1976: СТОП (соработник)

1977: АДАМ (5 ДО 12) (соработник)

1977: СТРЕЛБИ (соработник)

1978: БУКВАР ЗА ПИСМЕНИ (соработник)

1978: ПОВЛЕЧИ – ПОТЕГНИ (соработник)

1979: ЛУДА ПТИЦА (соработник)

1979: ПОСЛЕДНИОТ ПРОЗОРЕЦ (соработник)

1980: ЦРНО ЗНАМЕ (соработник)

1980: ХОМО ДОГМАТИКУС (соработник)

1980: ПАРАБОЛА (соработник)

1980: РАКА (соработник)

1982: АФИРМАЦИЈА (соработник)

1982: ДЕМАГОГ (соработник)

1982: ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (соработник)

1983: ПЕЦКО – ЕДЕН ДЕН ЖИВОТ (соработник)

1983: ПЕЦКО – НАФТЕН ДЕРИВАТ (соработник)

1985: EPUR SI MUOVE (СЕПАК СЕ ДВИЖИ) (соработник)

1986: НАПРЕД – НАЗАД (соработник)

1986: ТОА Е МОЈОТ ЖИВОТ (соработник)

1988: ЛЕОНАРДО – ПРОШЕТКА (сценографија)

1988: ЛЕОНАРДО – НАСТИНКА (сценографија)

1988: ЛЕОНАРДО – ТВОРЕЦ (сценографија)

1988: (НАЈ)ТЕШКОТО (соработник)

1995: КРАЈ (режија, сценарио, сценографија)

ЉУПЧО КОНСТАНТИНОВ (р. 1946) е композитор и автор на филмска музика. Дипломира на Музичката академија во Белград. Како автор на музика, се јавува во играни, документарни и анимирани филмови, во голем број тв филмови, серии и драми, како и во над 60-тина театарски престави. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои: ), за музиката во филмот СРЕЌНА НОВА ’49 – ги освојува наградите „Златна арена“за оригинална филмска музика на ФФ во Пула (1986) и Бронзена плакета „Милтон Манаки“ за музика на ФФ во Битола (1986), а добитник е и на три златни ловорови венци на МЕС – Сараево, за театарските престави: „Електра“, „Шехерезада“ и „Фауст“; добива и награда на критиката на Вториот интернационален фестивал во Мексико Сити за најдобра музика за преставата „Шехерезада“; потоа, на театарските игри „Војдан Чернодрински“, добива награда за музиката во театарската престава „Старите фотографии“, итн.

Константинов има богат опус и во компонирање музика за телевизиски филмови и серии, каде што е ценет како исклучителен автор-соработник на врвни режисери од земјата и регионот.

Избрана филмографија на Љупчо Константинов:

1977: ГРАДЕЖНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „МАВРОВО“ (избор на музика)

1977: ТУЛГЕШ (музика)

1977: ВИНОЈУГ (избор на музика)

1978: ОТПОР (избор на музика)

1979: РАКУВАЊА (избор на музика)

1979: ЕЖЕН ГИЛВИК (музика)

1979: ГЛАВА (музика)

1980: ХОМО ДОГМАТИКУС (избор на музика)

1980: КРВТА НА МОРЕТО (СУНЃЕР) (избор на музика)

1981: ЦРВЕНИОТ КОЊ (музика)

1982: ДЕМАГОГ (избор на музика)

1982: ЈУЖНА ПАТЕКА (музика)

1982: МИСТЕРИОЗНИОТ ПРЕДМЕТ (музика)

1983: ПАТ ЗА УМОР (избор на музика)

1983: ВИНОВНИК (избор на музика)

1984: НЕЛИ ТИ РЕКОВ (музика)

1985: А (музика)

1985: АНГРОИНЖЕНЕРИНГ (музика)

1986: СРЕЌНА НОВА ‘49 (музика)

1987: ХАЈ-ФАЈ (музика)

1991: ТЕТОВИРАЊЕ (музика)

1993: МАКЕДОНСКА САГА (музика)

1995: АНГЕЛИ НА ОТПАД (музика)

1997: ПРЕКУ ЕЗЕРОТО (музика)

1999: ВРЕМЕ, ЖИВОТ (музика)

Досегашни добитници на „Златен објектив“ беа: режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов, Кирил Ценевски, Коле Ангеловски и Коле Манев; тонскиот снимател Глигор Паковски; аниматорот и карикатурист Дарко Марковиќ; директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков; филмскиот работник Коста Крпач; продуцентот Панта Мижимаков; филмските критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски-Доре; монтажерите Димитар Грбевски, Спасе Тасевски и Олга Лукова-Дончиќ; костимографките Елена Дончева и Зорка Тодорова-Младеновиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен