ЗНАМ во Куманово: зелени мерки и пакет за пензионери – „достоинствен живот во чиста општина“

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово најави сет еколошки и социјални мерки: од соларни панели и енергетски фасади до ваучери за Кумановска бања и проширување на капацитетите за старите лица. „Таа (животната средина) е заеднички дом за сите нас… мораме заеднички да ја чуваме,“ изјави кандидатката за советничка Тамара Тренчевска, презентирајќи приоритети за чиста и енергетски поефикасна општина.

Во социјалниот сегмент, Гордица Бошковска акцентираше поддршка за највозрасните: „Наша должност… е да обезбедиме поддршка, квалитетни услови за живот и активна улога во заедницата, за пензионерските денови да бидат исполнети со достоинство, сигурност и почит.“ Меѓу мерките се нов објект на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Проевце, модернизација на постојните капацитети, субвенции за домашна нега, еднократна финансиска поддршка за ранливи пензионери, програми за активен живот и ваучери за Кумановска бања.

Од еколошкиот пакет, ЗНАМ најавува: соларни системи на јавни објекти, енергетски-ефикасни фасади, интегриран систем за селекција, транспорт и преработка на отпад, дигитален мониторинг на бучава во угостителски објекти, видеонадзор на јавни површини, проширување на секундарната гасификација со поевтин приклучок, зајакнување на инспекциските служби и ЈП „Чистота и зеленило“, почести миења на улици и плоштади, полуподземни контејнери и повеќе садови за селекција и корпи на фреквентни локации, редовно чистење на речни корита, едукација за екологија од најрана возраст и мерни станици за квалитет на воздух.

Зачлени се на нашиот е-билтен