Зохран Мамдани не смее да се кандидира за претседател на САД

По изборната победа во Њујорк, името на Зохран Мамдани доби и уставна „фуснота“. Демократскиот социјалист Мамдани, роден во Уганда во 1991 година и натурализиран во 2018, не може да се кандидира за претседател на САД затоа што не е „природно роден“ американски граѓанин – услов што Уставот го поставува за оваа функција, покрај минимум 35 години возраст и најмалку 14 години живеење во земјата.

Мамдани, кој во САД се преселил на седумгодишна возраст, се појавува како симбол на новата урбана левица – но правилото за „natural-born citizen“ останува непробоен уставен праг. Правилото е формално едноставно и политички чувствително: ги исклучува сите што стекнале државјанство по пат на натурализација, без разлика на нивниот јавен профил, мандати или политичка тежина.

Случајот отвора стара дебата за тоа колку 18-тиот век зборува во 21-виот: дали уставниот критериум ја штити стабилноста на институциите, или пак спречува рамноправна политичка конкуренција во земја што својата сила ја темели на имиграцијата. Но барем за претседателската трка, правото е јасно: без „natural-born“, нема кандидатура.

Зачлени се на нашиот е-билтен