Македонската скијачка Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка во велеслалом на Зимски олимписки игри 2026.
Според информациите, Атанасовска на патеката издржала околу триесетина секунди и не успеала да обезбеди пласман за втората трка. На првото мерење имала заостанување од 1,45 секунди зад водечката натпреварувачка, а на втората контролна станица негативата ѝ се зголемила на 2,97 секунди, по што ја прекинала трката.
Следниот настап на Атанасовска е најавен во слалом, кој е закажан за 18 февруари.