Зоолошката градина во Скопје ќе биде затворена 21 ден поради присуство на птичји грип, сепак градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска назначи нов в.д. директор во оваа институција.
Иако за таа позиција конкурираше поранешниот управител на ЗОО-Скопје, Ѓорѓи Галетановски сепак. како што рече и самиот, не му биле ниту разгледани поднесените документи.
Информациите се дека Зоран Попов е именуван за в.д. директор во Зоолошката градина Скопје. Тој доаѓа на местото на Драган Илиевски, кој од денеска е именуван за директор на ЈП „Водовод и канализација“.
За една година скопската градоначалничка назначи тројца директори на Зоолошката градина.
Првиот беше Кристијан Стаменов, на негово место дојде Драган Илиевски, а сега со институцијата ќе управува Зоран Попов.