Зошто главоболката не се смирува: Најчести причини и трикови за олеснување

Стресот, дехидратацијата, анемијата и прекумерниот внес на лекови можат да предизвикаат главоболка, експертите советуваат како да се справите.

Трите најчести видови на главоболка се мигрена, напнатост и кластер болка, а причините за нив можат да бидат бројни и разнолики.

„Нерешениот стрес често предизвикува главоболка бидејќи напнатоста се јавува кога мускулите на вратот и рамената се згрчуваат како одговор на психолошки притисок или анксиозност. Ако често ве боли главата, важно е да утврдите дали сте под голем стрес и да пронајдете начини за решавање на изворот на напнатост“, објаснува докторката Сузан Хачинсон. Таа додава дека психолошкото советување и техники за справување со стресот може значително да помогнат при овој тип на главоболка.

Дехидратацијата е уште еден често занемарен причинител. Недостатокот на течности може да влијае на волуменот на крвта и да предизвика болка во главата. Најлесниот начин да ја забележите е преку бојата на урината, ако е темно жолта, или ако чувствувате силна жед и сувост во устата, тоа е знак дека треба да внесете повеќе вода.

Анемијата, односно недостатокот на црвени крвни клетки кои носат кислород до ткивата, исто така може да предизвика главоболки, особено ако состојбата е сериозна.

Иронично, но прекумерното земање лекови против главоболка може да го влоши проблемот. Претерувањето со таблети често доведува до повратни болки, и решението е промена на навиките, намалување на внесот на лекови и консултација со лекар за алтернативни методи за ублажување на болката.

Кофеинот исто така може да има влијание бидејќи стеснува крвни садови, што го отежнува протокот на крв и може да го интензивира чувството на болка.

Воопшто, главоболката често е сигнал дека треба да ги преиспитаме своите навики, стилот на живеење и начинот на кој се грижиме за телото и умот.

Зачлени се на нашиот е-билтен