На ваквиот обид опозициската партија со силна реакција во јавноста ја разобличи како што велат тие ‘грубата манипулација и лага“.
„ВМРО-ДПМНЕ молчешком ја избришаа фотографијата од нивната бен страна, со којашто денеска пратеникот Миле Лефков мафташе на прес-конференција. Станува збор за целосно разобличен обид за политичка монтажа, во која Лефков свесно објави лажна фотографија од невин човек, со цел да ја поврзе трагедијата од пожарите со СДСМ и Зоран Заев“, велат од СДСМ.
Од СДСМ, потенцираат дека Лефков не само што свесно лажел пред целата јавност, туку и грубо манипулирал за партиски цели.
„Бришењето на фотографијата од веб страната на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека се фатени во лага. Но одговорноста не се брише.Бараме Лефков и неговиот ментор Мицкоски јавно да се извинат. Очекуваме итна реакција од Јавното обвинителство за ширење лажни вести и загрозување на правната сигурност. Следува и тужба за клевета и нарушување углед“, велат од СДСМ.