Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За расудување на духот на времето

Порталот Рацин.мк е основан за да го заземе своето место во медиумскиот простор како портал со мисија да понуди информации, длабински анализи и други медиумски формати коишто, во светот преплавен со дезинформации, ќе им обезбедат на читателите содржини на кои ќе им веруваат.

Само нашите вредности ги одредуваат темите што се од интерес и што произлегуваат од нашите основачки вредности и уредувачка политика.

Во име на тие вредности Рацин.мк ги отвора портите за општествените активисти и интелектуалците за критички дебати за предизвиците што стојат пред демократијата во земјата и во светот. Во центарот на нашето внимание и дебатата ги ставаме врвните интереси и цели на нашето општество и држава. 

Инспирирани од животот и делото на Кочо Рацин наша определба се темите како што се социјална правда, солидарност, владеење на правото, општество еднакво за сите.

Во фокусот на нашиот новинарски интерес се консолидацијата и развојот на демократијата и демократските процеси, поддршката за зајакнување на капацитетите на институциите како сервис на граѓаните, непоколебливата поддршка и унапредување на концептот за општество еднакво за сите и за интеркултурализам, нашите залагања за социјална правда, нашето место и придобивки во НАТО и учеството во забрзување на евроинтеграциите и регионалните прогресивни иницијативи, поддршка на критичкото јавното мислење, улогата на медиумите, граѓанското општество, и навременото укажување на заканите од авторитаризам. 

Една од нашите принципиелни определби е да им дадеме глас на безгласните, да им обезбедиме видливост за маргинилизираните групи и секогаш да повикуваме на одговорност на оние кои го добиле мандатот на граѓаните за да управуваат со државнните и општествените ресурси кои се сопственост на граѓаните.

Уверени сме дека автентичното непристрасно новинарство сѐ уште има моќ со вистинити информации да ја стекне довербата на читателите и да го поттикне просветленото расудување за да создаваме посилно и поправедно општество. 

Наша цел и стремеж е да ги почитуваме и следиме највисоките стандарди на журнализмот и на нашите читатели да им го испорачаме најважното на најдобар можен начи.

Рацин.мк ќе преземе активности за да учествува во создавањето на следната генерација новинари и медиумски работници, критичари на времето и политички еманципирани граѓани за да бидат неодминлив фактор во создавањето политики од интерес на граѓаните и општеството.

Рацин.мк силно верува во новите технологии и ќе ги прифати најдобрите практики и алатки за да испорача новинарство и медиумски содржини во духот на времето.