Пратениците со 91 глас, без против и воздржани денеска го верификуваа мандатот на Катерина Димитровска. Димитровска доаѓа од листта на кандидати за пратеници во македонското Собрание од изборната единица 1, на овластенито подносител Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена до ВМРО-ДПМНЕ, Доаѓа на местото на Марија Митевска, која сега е портпаролка на Владата.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши и го честиташе мандатот на новата пратеничка Катерина Димитровска.