Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

[Видео] Петровска: ДПМНЕ избега од соочување со јавноста за незаконското именување на директорот на АНБ

ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста, изјави на прес конференција пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

„Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната“, истакна пратеничката.

За Петровска „денешното однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото“.

„Казна е за Република Северна Македонија, вакво недемократско мнозинство да спроведува реформи на безбедосните служби“, предупреди пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска.

Зачлени се на нашиот е-билтен