Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов по денешната средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, на својот фб објави, дека „Кога се сака се може“ и дека „Позициите на Струмица се исполнети“. Тој напиша дека се усвоени неколку заклучоци меѓу кои:
-Деполитизација на предизвикот со водата во брана Турија!
-Работна експертска група која ќе даде дијагнозата и насоките, краткорочни, среднорочни и долгорочни за превенција на повторно појава на високо ниво на манган во водата.
-Динамика која ќе мора да ја почитуваме за сервисирање на долгот кон АД Водостопанство.
-Целосно превземање на обврските согласно надлежностите на АД Водостопанство, МЗШВ, општина Струмица.
Затоа и беше активиран алармот, за да најдеме заедничко решение!
Кога се сака, се може.