Пратениците во рамки на денешното продолжение на 19. пленарна седница донесоа вкупно 10 закони по скратена постапка, најмногу од областа на образованието.
Пратениците дадоа поддршка да се донесат по скратена постапка измените и дополнувањата на следните закони – Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Националната развојна стратегија и Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште.
Преостануваат уште две точки од дневниот ред на оваа седница по кои пратениците треба да расправаат и изгласаат – Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.