Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Само во Македонија платите тапкаат во место, регионот одамна не претрка

Владата во Босна и Херцеговина ќе донесе пакет на закони и мерки со кои минималната плата двојно ќе се зголеми, и тоа од 310 на над 600 евра. Со новите закони, работодавачите ќе бидат ослободени од дел од придонесите, што ќе помогне во стимулирање на економијата и намалување на црниот пазар. Премиерот Нермин Никшиќ истакна дека реформите ќе ја олеснат бизнис климата и ќе ја зајакнат економската стабилност. Вицепремиерот Војин Мијатовиќ вели дека, покрај зголемувањето на минималната плата, во БиХ ќе бидат воведени мерки за заштита на работниците со приходи под сегашниот минимум.

И додека платите во регионот растат, во Македонија минималнаа плата останува 22.657 денари. Владата не го прифати предлогот на опозициската СДСМ за покачување на минималната плата за 12 отсто, односно на 27.700 денари или 450 евра.

„Со измените, предвидуваме минималната плата да се покачи на 27.700 денари, што претставува пораст од 12,3%. Со ова, не само што ќе обезбедиме финансиска стабилност на работниците, туку и ќе влијаеме на порастот на просечната плата, што ќе има позитивен ефект врз секое семејство во државата. Методологијата за усогласување на минималната плата со порастот на трошоците за живот и просечната плата останува и понатаму како дел од овој закон, со тоа ќе обезбедиме сигурен и постојан раст на приходите на граѓаните“ рече претседателот на СДСМ Филипче на прес-конференција во Собранието кога пратеничката група на оваа партија ги предложиме измените и дополнувањата на Законот за минимална плата.

Предлогот беше одбиен од ВМРО-ДПМНЕ, кои велат дека владините мерки даваат резултат, иако во последните месеци минималната синдикална кошничка не се намалува, додека се намалува просечната исплатена плата во државава.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе го чекаат системското усогласување на минималната плата, донесено од претходната влада, кога во март се усогласува платата со трошоците на живот.

Зачлени се на нашиот е-билтен