Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Собранието се претставија кандидатите за членови во Советот на АВМУ

На дневниот ред на 14. седница на Комисија за прашања на изборите и именувањата имаше само една точка: Јавна расправа за кандидатите кои ги исполнуваат условите по Одлуката за објавување на Јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 207/2024). Беа пријавени 24 кандидати, од кои условите од Конкурсот ги исполнуваа 22 кандидати. Своите кандидатури ги повлекоа Миле Бошњаковски и Виктор Грозданов. Во трка за седумте места во Советот на АВМУ влегоа кандидатите: Гордана Мајнова, Виктор Павловски, Владимир Ѓорѓиевски, Елена Стојковска,  Зеријета Хајро Јајагаџа, Цветанка Миновска, Стојанчо Наумов, Афрона Верзиволи, Борис Арсов, Зоран Фидановски, Арбен Саити, Емилија Јаневска, Давор Пашовски, Даут Даути. Тие ја презентираа својата биографија и во своите излагања дадоа одговори за тоа каков ќе биде нивниот придонес.

По десет години, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) би требало да добие нов состав.

Зачлени се на нашиот е-билтен